Покрај сите непријатности и забрани со кои се навикнавме да живееме, голем број наши граѓани, како и граѓани од соседството и оваа година собраа средства и заминаа на црногорското приморје во потрага по релаксација и одмор. За жал, многу работи не се како што беа пред неколку сезони, така што летните одмори сe повеќе стануваат прашање на престиж.

Впечатоците од Црна Гора се шарени. Некои велат дека сезоната пропаднала и дека нема гужва, додека други велат дека сезоната е одлична и немаат каде да најдат паркинг од туристите. Има и трети, оние за кои цените дошле како студен туш.

Билјана Косјериќ (31) од Белград отишла на летување во познатото место Доброта, кое мало село на брегот на Которскиот Залив. Иако овде живеат само неколку илјади луѓе и сите се претежно локални жители, тоа не ги спречува да ги зголемат цените во текот на летниот период.

Имено, Билјана била непријатно изненадена кога слушнала што почнале да наплаќаат Црногорците и сигурно ова досега не сте го слушнале.

– Почнаа да наплаќаат 80 центи за туширање на плажа, видовме дека на неколку места во Црна Гора лежалките на некои плажи чинат дури и од 50 до 80 евра, вели за Блиц.рс Белграѓанка која доживеала шок на една плажа по пристигнувањето во Доброта.

И додека одредени туристи веќе излегоа со тврдења дека за лежалки плаќале од 8 до 15 евра во Херцег Нови, Билјана рече дека сите лежалки во Доброта биле резервирани до 15 август. Ова е само еден од примерите што ги уништија одморите на луѓето, а најголем впечаток секогаш оставаат цените.

За десетдневен одмор во ексклузивни хотели со пет ѕвезди на црногорскиот брег, во просек треба да се издвојат до 3.000 до 6.000 евра за две лица. Од друга страна, приватното сместување за едно лице во Будва чини од 12 до 20 евра, се разбира цената варира во зависност од близината на плажата и условите во станот. Цените се движат од 8 до 12 евра за ноќевање во приватно сместување во Сутоморе, од 10 до 15 евра во Добре воде, и од 15 до 20 евра и повеќе во Бечичи.