![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Семејството на починатиот 22 годишен битолчанец во отворено писмо до јавноста ги објаснува деновите пред смртта на нивниот брат и син. Велат дека првите три дена по појавата на болеста редовно оделе на лекар но никој не препознал дека е сериозно. Имаат извештаи од прегледите и велат дека имало шанси да се спаси младиот живот.
Во писмото стои дека на сега починатиот ковид му бил дијагностициран на 9 октомври. Веднаш било почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му била 39.2°C. Брат му во писмото вели дека починатиот не бил вакциниран против КОВИД-19 и со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
„Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на Инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100 од мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин, вели во обраќањето.
Следниот ден сега починатиот повторно имал температура, но добра сатурација и по прегледот во болницата во Битола повторно бил пуштен дома со температура од 38°C, отежнато дишење и кашлица. Веќе третиот ден бил хоспитализиран и ставен на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
„Следните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Во собите на пациентите оставени се броеви за помош од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125 килограми, 180 сантиметри висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме, вели брат му на поочинатиот.
Тврди дека во случајот со брат му се покажало дека здравството е сосем нефункционално. Со емоции се простува од прерано починатиот брат.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)