Во дубровничката жупанија на југот на Хрватска беснее пожар, кој попладнево и вечерва силно се прошири со помош на силен ветер. Пожарникарите се борат со пожарот, кој во моментов е целосно надвор од контрола и ситуацијата е неизвесна.
Овој пожар утрово го изгаснаа три авиони „канадери“, а попладнето ветерот го разгоре огнот и токму поради тој ветер овие авиони повеќе не можеа да учествуваат во неговото гаснење. Ширењето на пожарот на отворено е предизвикано од силен ветер, а според последните информации на терен се 130 пожарникари.
Дополнителни проблеми настанаа откако на ридот над Петрача експлодираат остатоци од мини од Татковинската војна, јавува Дулист.
„Ситуацијата на теренот не е добра. По синоќешната борба и сите добри работи што ги направивме, силниот ветер во текот на денот и екстремно силниот ветар во попладневните часови повторно разнесоа сè. Повторно имаме пожар, можеби потежок и поопасен. Во моментов тој не им се заканува на куќите, но многу е сигурно дека тоа ќе се случи“, рече Стјепан Симовиќ.