Дете загина вечерва во населбата Клиса во Нови Сад, градот кој беше еден од најпогодените во денешното невреме во Србија, објавија српските медиумите.

Дел од медиумите објавија дека детето е на возраст од 12 години, а настрадало пред зградата во која живеело за време на невремето.

Сè уште не се знае починало од струен удар или било погодено од гром.

Порталот „Телеграф“ пишува дека од Полициската управа Нови Сад потврдиле оти околу 21:45 часот имало обид детето да се спаси со реанимација, но безуспешно.