Момче (12) вечерва почина во Нови Сад. Како што дознаваат српските медиуми, момчето било пронајдено недалеку од куќата на друга адреса.

Брзата помош која пристигнала на местото на настанот цел час се обидувала да го реанимира, но за жал безуспешно.

Се уште не се знае дали починал од струен удар или гром, пронајден е покрај инсталациите.