Во текот на вчерашниот ден од Итната медицинска помош во Кичево, во ОВР Кичево е добиено известување за повредено лице во атарот на село Вранештица, Кичевско и дека при пристигнување на екипа од Итната медицинска помош, без знаци на живот затекнат е З.М.(32) од истото село.

– По наредба на Јавен обвинител извршен е увид при што било констатирано дека З.М.спуштајќи се по шумски пат со трактор натоварен со огревно дрво, загубил контрола врз тракторот и излетал од патот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.