Познатиот аргентински фудбалер и екс член на ПСЖ и Наполи, Езикијел Лавеци избоден е во Уругвај и веднаш е пренесен во болница. Тој бил примен во болница поради тежината на повредите кои ги задобил во семејна расправија.
Добил повреди на ребрата и стомакот, а имал и скршена клучна коска. Наводно познатиот фудбалер бил на забава во Хозе Игнасија, и според сознанијата на полицијата повикал итна помош во 5 часот наутро.
Според информациите од медиумите, инцидентот се случил после семејна расправија. Во болница го донела неговата девојка. Моментално нема информации за неговата состојба.