Трагична вест доаѓа од Мајорка, каде шпанската полиција потврди дека по неколкудневна потрага ги пронашла телата на поранешниот германски кошаркар Јан Бокмајер (53) и неговиот син (19) кои исчезнаа за време на невремето.

Како што се наведува во извештајот, тој и неговиот син испловиле рано наутро на 27 август од Менорка за Мајорка, но ги зафатило многу лошо невреме.

Поради високите бранови исчезнале во морето, а нивните тела биле пронајдени седум дена подоцна во близина на брегот на Мајорка на две сосема различни локации. Бидејќи се работи за странски државјани, полицијата морала да направи ДНК тест за да го утврди идентитетот на исчезнатите.

Не е јасно како Бокмајер изгубил контрола над чамецот и зошто испловил по лоши временски услови, знаејќи дека е искусен морнар со повеќе од две децении искуство на море.