Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен
Земјотрес со јачина од 5,5 степени спорред Рихтер вечерва во 22.43 часот (23.43 часот по локално време) го погоди регионот на грчкиот град Лерин.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен.
Според листата на земјотреси кои се почувствувани во последниов час во Европа, истиот регион, по овој од 5,5 степени, го погодиле уште два, со јачина од 3,5 и 4,8 степени според Рихтер.
Сведоштва за земјотресот
Силниот земјотрес кој беше почувствуван во Македонија предизвика паника меѓу скопјани. Голем дел од нив кои живеат во станови, велат дека потресот траел скоро 30 секунди. Според нив, откако еднаш запрел, потоа продолжил да тресе. Тие објаснуваат: „зградата се клатеше лево-десно“.
„Прво почна како мал потрес, мислевме не е ништо страшно, бидејќи секогаш се осеќа кога има земјотрес, а живееш во зграда. За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, лустерите се поместуваа, како хорор филм. Сето ова за момент. По некои 10 секунди запре, па потоа, за кратко продолжи да тресе. Се слушаше паника и од кај соседите, буквално ужасно. Ова посети на ужасните земјотресите од пред некоја година, кога имаше и повредени.. Ако се повтори, со сигурност ќе излеземе надвор и нема да останеме дома“, вели читател на „Скопје1“.
Други, објаснуваат дека нивните деца биле потресени од силниот земјотрес.
„Одеднаш, почна се да се тресе. Се сѐ случи за момент. Веднаш излеговме надвор, за секој случај“, објаснуваат жители на Скопје кои го напуштиле домот.