Чудото на Киријакос Курумунос од Арадипу (населба во Крит), кое се случи на 23 март 2006 година, е едно од најшокантните чуда на Света Марина.
Киријакос требало да ја оперира ногата и бил примен во болница на денот на Благовештението на Богородица, како што карактеристично ни кажува:
„По црквата отидов во болница со ќерка ми, која е медицинска сестра. Ги направија потребните испитувања и кога отидов во мојата соба, се јавив во манастирот да пријавам дека ќе одам на операција. Отците ме уверија и ми рекоа дека ќе се молат и се ќе биде во ред.
Го спуштив телефонот и легнав да одморам, бидејќи не кријам, многу се плашев, бидејќи ногата ми беше во лоша состојба од претходните операции. Почнав да ги повикувам светителите да ми помогнат, а особено Света Марина, која многу ја почитувам.
Понеделник наутро, 27 март, се подготвив, го направив крстот и тргнавме на операција, седејќи на количката. Влеговме во операционата сала чекајќи ги последните процедури. Откако сè беше подготвено, тргнавме кон операцијата.
Зад ќерка ми, напред медицинска сестра и настрана медицинска сестра облечена во бело. Ме ставија на операционата маса и почнаа со подготовките. Медицинската сестра во бело е присутна. Анестезиологот спремен да ми вбризга анестезија во пршлен затоа што имам проблем со вратот и не требаше да спијам. Ќерка ми десно и Медицинската сестра во бело лево се наведна и ми ја даде инјекцијата. Воопшто не болеше, само малку убод. Тогаш медицинската сестра во белото скоро до моето уво ми вели:
„Не плашете се, ќе бидете добро“. Ме легнаа, ми дадоа серуми, и почнаа со операцијата. Пред мене ставија екран за да не гледам. Анестезиологот ме праша дали сакам да ми инјектира малку да спијам и да не ги слушам алатите, но јас одбив.
Започна операцијата која траеше час и половина. Ја гледав медицинската сестра во бело, таа беше до ќерка ми, тогаш докторот ми вели:
„Киријако, завршивме, Фала Богу, се помина добро“.
Ме ставија на количката и ме однесоа во другата соба на рендген и да се опоравам од локалната анестезија.
Откако излеговме од операционата сала, никогаш повеќе не ја видов медицинската сестра во бело.
Ме однесоа на 5-ти кат во соба 7. Ми ги ставија потребните работи (лекови и сл.) и ме пуштија да одморам. До мене се моите. Денот полека минуваше.
Кога се раздени, медицинските сестри почнаа да доаѓаат и одат, да вадат крв за анализа.
Околу 10:00 часот доаѓаат со шише крв. Прашувам што се случува. Ми рекоа дека мора да стават крв. Потоа повторно почнав да се молам на светиите и секако на Света Марина.
Ги затворив очите да се одморам и потоа ме посети медицинската сестра во бело и ми вели: „Се ќе биде во ред, бев на операција со тебе“ ја прашувам која си и таа ми одговара: „Дојдов од далеку, од каде доаѓаш и ти!“ Потоа ги отворив очите и ја видов како трча низ ходникот. Го прашав човекот до мене дали видел некои медицински сестри како заминуваат и ми рече не.
Потоа дојде сестрата да ги погледне крвта и лековите и ја прашав дали во операционата сала влегуваат и медицински сестри во бела облека. Тогаш таа стана, го направи својот крст и ми рече: „Видовте нешто“. На кој светец му се молеше? „И кажав многу светци, а исто така и Света Марина од Андрос.
Го славам Бога и Света Марина, со чија милост верувам дека ќе бидам добро“.