Вечерва е уапсен вереникот на пејачката Милица Тодоровиќ, М.Б. Како што дознава Телеграф , по него Интерпол распишал налог за апсење.
М.Б., кој неодамна се сврши со пејачката, е уапсен во Белград, во елитен дел од градот, каде што живее и Милица.
Пејачката се уште не се изјаснила по оваа вест. Да потсетиме, јавноста неодамна ја дозна веста дека Милица Тодоровиќ се верила.
Иако официјално не го потврди тоа, медиумите објавија дека пејачката носи скап прстен и дека во последно време е неразделна од своето момче. Наводно, Тодоровиќ се запознала и со семејството на нејзиниот вереник, бизнисмен од Хрватска.
Парот од неодамна живее заедно во Белград во луксузна населба каде Милица има стан.