Нивото на крвен притисок се менува со годините. Параметрите нема да бидат исти за некој што има 30 години и за оној што има 60 години

Кога крвниот притисок е во границите на нормалата, упатува на тоа дека состојбата на организмот е добра и дека срцето нормално функционира.

Нивото на крвниот притисок зависи од силата и брзината на срцевите контракции и количината на крвта што овој орган може да ја испумпа во 1 минута. Исто така, важни се и својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.

Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да внимавате на него.

Мислењето дека една иста вредност е правилна за сите луѓе е заблуда. Познатиот руски доктор Александар Шишонин, објаснува како параметрите, како што се полот и староста, одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:

За лице старо 20 години, нормалните вредности се 123/76
До 30-тата година, нормално е нивото да биде 126/79
Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 129/81
Помеѓу 40 и 50 години, нормалното ниво е 135/83
Помеѓу 50 и 60 години, 142/85
По 70-тата година, 142/80

Табела за жени:

За лице старо 20 години, нормалните вредности се 116/72
До 30-тата година, нормално е нивото да биде 120/75
Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 127/80
Помеѓу 40 и 50 години, нивото треба да биде 137/84
Помеѓу 50 и 60 години, 144/85
По 70-тата година, 159/85

Од табелите може да се заклучи дека колку што е лицето повозрасно, толку повисок е и нормалниот крвен притисок. Тоа е последица на промената во крвните садови, срцевиот мускул и другите органи, кои се менуваат со текот на годините.

Високиот, како и нискиот крвен притисок, можат да предизвикаат разни здравствени проблеми. За да го утврдите точно неговото ниво, треба да го следите неколку дена во континуитет и да водите дневник на своите мерења.

Како ПРАВИЛНО да си измерите крвен притисок во домашни услови?

Американската асоцијација за здравје на срцето, препорачува секој пациент со хипертензија редовно да ги мониторира или следи вредностите на својот крвен притисок, со соодветен апарат, во домашни услови. Истото важи и за лицата кај кои докторот ќе утврди зголемен ризик од висок притисок.

Ова е најдобриот начин да се види дали терапијата и менувањето на животните навики функционираат во насока на намалување на високите вредности за ,,горниот” и ,,долниот” крвен притисок.

Домашното редовно мерење на притисокот, исто така значително им помага на медицинските лица во дијагностицирањето на хипертензијата. Зошто? Некои луѓе, заради нервозата и возбудата, покажуваат нереално висок крвен притисок во канцеларијата на лекарот. Дополнително, реална слика за тоа колкав е притисокот не може да се добие од само едно или неколку мерења. На пример, притисокот варири во различни периоди од денот. Така, се наметнува потребата од подолготрајно следење.

Значи, серијата мерења во домашни услови, ќе му дадат на лекарот одлична основа во одлучувањето дали имате хипертензија или не.

Клучно е да се нагласи дека за да дојдеме до релевантни податоци за крвниот притисок, односно вредности кои можеме да веруваме дека се точни, потребно е да имаме добра техника за правилно мерење на притисоко и стриктно да следиме одредени постапки.

За најдобри апарати се сметаат оние со дигитален екран, кој ги покажуваат вредностите за горниот, долниот притисок, но и за пулсот.

За да бидете сигурни дали апаратот е добар, најдобро е прво да се консултирате со лекарот кој ве следи. Секако, консултирајте се со медицинското лице и околу техниките и постапата правилно мерење притисок.

3 чекори за правилно мерење на крвниот притисок кои ние ви ги предложуваме:

Прашајте го докторот колку често треба да го мерите притисокот и во кои делови од денот. Најчесто препораките се мерењата да бидат наутро и навечер, во отприлика истото време. Ако притисокот со текот на времето во голема мера се стабилизира, нема да има потреба од толку чести мерења. За да добиете што пореални вредности, повторувајте ги мерењата 2-3 пати, во една сесија. Ако мониторот нема опција за меморирање на податоците, важно е да ги запишувате сите мерења.

Немојте да го мерите притисокот веднаш по наглото станување од кауч или од кревет (лежење). Мерете го притисокот пред доручекот. Избегнувајте кофеин, тутун, алкохол и физички активности најмалку 30-тина минути пред мерењето. Ако имате потреба, задолжително испразнете го мочниот меур. Дишете длабоко и останете смирени, барем 5 минути пред самото мерење.

Внимавајте на положбата. Треба да седите исправено на обично столче кое нема да биде ниту премногу високо, ниту прениско во однос на масата на која стои апаратот. Раката на која е поврзана манжетната од апаратот (веднаш над лактот), треба да биде слободна, исправена на масата, во висина на срцето. Пожелно е столчето да има потпирач на кој ќе ја ставите другата рака. Никако немојте премногу да ја стегате, опуштате или да ја поставувате манжетната над облеката. Манжетната треба да покрива ⅔ и обвиткува 80% од надлактицата која е целосно ослободена од било каква облека. Внимавајте цревата поврзани за манжетната да не бидат притиснати или превиткани

Можете да мерите крвен притисок на левата или десната рака, но секое следно мерење, манжетната ставајте ја на истата рака.

Други важни совети кој придонесуваат за правилно мерење притисокот:

Немојте да ги стегате мускулите на рацете или на било кои други делови од телото.
Не зборувајте во текот на мерењето
Изберете тиква просторија
Не го запирајте здивот додека мерите
Столчето треба да биде удобно и нозете не смеат да бидат прекрстени

Важно е да знаете дека дури и мерењата едно по друго, можат да дадат различни резултати. Сите тие треба да бидат запишани, а она што е значајно е просекот (просечната вредност од сите мерења). Одредени типови на аритмија, можат да направат проблеми во точното мерење на притисокот, па при такви случаи, мерењата се изведуваат во амбуланта.