Драгомир Љубојевиќ (26) од Прњавор (Република Српска) загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи во вторникот во Дизелдорф, Германија.
Драгомир ги остави сопругата Милица и ќерката Анастасија.
Како што објавија босанските медиуми, според досегашната полициска истрага, возачот на камионот преминал од десната на средната лента и го закачил комбето што возело по левата лента. По контактот со камионот, комбето удрило во бетонски заштитен ѕид.
Полицијата од Дизелдорф во соопштение тврди дека лизгачката врата на комбето се отворила и дека Драгомир Љубојевиќ излетал од возилото.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што, за жал, починал.