Хрватскиот ракометен сојуз преку соопштение на социјалните мрежи ја објави трагичната смрт на Маја Зорица, младата хрватска репрезентативка. 18-годишната ракометарка
на ЖРК Сплит е поранешна младинска репрезентативка која претходната сезона ја мина во Сиња, а играше како десно крило.

„Ако тажно утро не’ разбуди”… Со тага во срцето и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на нашата ракометарка Маја Зорица, играч на ЖРК Сплит. Нашите мисли и молитви се со семејството и пријателите од ЖРК Сплит и сите оние во чии животи останува неизбришлив белег и вечен спомен ннасмеаното лице на нашиот спортист. Искрено сочувство на Хрватскиот ракометен сојуз и целото ракометно семејство. Нека почива во мир“, се вели во соопштението на сојузот.

Од Зорица се прости и нејзиниот клуб, ЖРК Сплит.

„Со тажно и скршено срце објавуваме дека нашата Маја Зорица не напушти на 18 години по трагична несреќа. Срцето на нашиот голем борец згасна. Сочувствуваме со семејството и упатуваме искрено сочувство до најблиските. Нејзиниот благороден и силен дух, полн со животна радост и љубов, засекогаш ќе остане во нашите срца, мисли и молитви. Наш ангелу, почивај во мир“.

Според достапни, но непотврдени информации, Маја била една од учесниците во сообраќајната несреќа што доцна во ноќта се случила во Дичмо. Таму 44-годишен маж под дејство на алкохол преминал на спротивната сообраќајна лента и удрил во автомобил во кој биле три девојки.