Трагичната вест ја потресе фудбалската јавност во Египет. Главниот тренер на фудбалскиот клуб Ал Магд, Адхам Ел Селхедар, почина од срцев удар во моментите додека неговите играчи се радуваа.

Несреќниот тренер доживеа срцев удар славејќи го голот на своите играчи против екипата на Ал Зарк во втората лига на Египет.

За фудбалскиот стручњак немало помош, иако брзата помош пристигнала брзо и почнала со обидите за реанимација на теренот. За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Причината е срцев удар.

Ел Селхедар претходно во два наврати беше менаџер на најдобриот египетски тим Исмаили. На крајот Ал Магдa победи со гол во 93. минута со 1:0, но на никого не му беше до прослава..