Тежок инцидент е снимен во Грција каде наставник малтретирал девојка пред очите на многу ученици.

Следното видео е снимено во Грција, каде наставник физички напаѓа ученик во училница. Прототема пишува дека на видеото се гледа како наставникот ја напаѓа ученичката, додека нејзините соученици брзаат да го спречат.

Наставникот ја удира ученичката по лицето, ја влече за коса и ја фрла на земја. По настанот, револтирани од неприфатливото движење на наставникот, учениците се групирале и му го искршиле и превртиле автомобилот на наставникот.

Грчките медиуми јавуваат дека овој наставник е уапсен по тешкиот инцидент.