Исра Шабан (21) починала само еден час по нејзината венчавка во едно египетско село, пишува британски „Мирор“.

Несреќната жена била погребана следниот ден, а според медиумите, и се слошило откако влегла во својот нов дом во селото Меду во близина на областа Бени Суеф во северен Египет.

Исра се пожалила на остра болка во градите и стомакот, поради што била повикана брза помош, која ја однела во болница.

Сепак, немало спас за неа и таа наскоро била прогласена за мртва. Нејзината смрт го потресла целото село.

Братучедот на Исра, Мухамед Хамед, рече дека сите се скршени од тага.

– Вчера бевме на нејзината венчавка, денес ја погребуваме. Целото село тагува. Сличен инцидент се случи во Египет пред само неколку недели, кога млада жена ненадејно почина само неколку дена пред венчавката, рече Хамед.