Полицијата во Будва уапси двајца турски државјани и двајца жители на Подгорица кои синоќа, еден час по полноќ, физички се судриле во бар во стариот дел на градот.

Полициската управа соопшти дека турски државјани по тепачката биле пренесени во болницата во Котор. Турските државјани кои учествувале во тепачката биле со привремен престој во Будва.

– За инцидентот беше известен обвинителот во Котор, кој ќе одлучи за квалификацијата на делото откако докторот ќе ја квалификува сериозноста на повредите, изјави извор за медиумите.

Во еден момент летаа шишиња, а некои од учесниците се фаќаа и за масите. Учесниците во тепачката ги раздели персоналот на тој бар и уште неколку гости, меѓу кои и две жени.

Црна Гора и посебно Будва се популарни туристички дестинации кај македонските туристи, па голем број македонски државјани се одлучуваат одморот да го поминат токму на ова место. Многу пати досега, наши туристи биле директно вклучени во вакви немили сцени, но за среќа, не и овој пат.

Пред помалку од две години, јавноста ја памети немилата случка во Будва, кога судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека крвнички претепал свој сонародник од Македонија во Будва.

Како што јавија тогаш медиумите од Црна Гора, инцидентот се случил во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер, кој исто така е Македонец.

„Од силината на ударот, претепаниот маж паднал на асфалтот. Затекнат е како лежи во локви крв на улица, по што му е укажана лекарска помош. Констатирани му се тешки повреди на главата. Полицијата успеа да го пронајде и уапси напаѓачот“, пишува тогаш медиумите во Црна Гора.