Тие се во врска од 2016 година, а Лука Дончиќ (24) одлучи дека е време да направи чекор понатаму и клекна на едно колено пред својата избраничка Анамарија Голтес (25), а таа рече да.
Словенецот во редовите на Далас Маверикс го носи бројот 77, а токму на тој датум ја запроси Анамарија. Тие се запознале во Хрватска во 2008 година, а осум години подоцна биле во врска.
Словенката на Инстаграм ја следат 173.000 луѓе, а таа често објавува фотографии со Лука како ужива во долгогодишна врска која ќе биде крунисана со брак.
Таа работи како модел, а долги години заедно летуваат на хрватското приморје.