Пејачката Тања Савиќ на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзиниот нов емотивен партнер. Имено, Тања на Инстаграм покажа две нивни фотографии на кои ја гледаме како ужива покрај згодниот пилот Мухамед Муки Бешиќ.
– Секогаш можете да си дадете нов почеток, бидејќи никогаш не е доцна да бидете она што го сакате! Љубов! Храброст! – напиша таа во описот.
Да потсетиме, Тања Савиќ се уште официјално не се разведе од сопругот Душан Јованчевиќ со кој има два сина.
Таа помина низ вистинска голгота кога нејзиниот сопруг ги одвеde нивните синови во Австралија без знаење на пејачката. Пејачката на крајот успеала да ги донесе во Србија и сега живеат со неа во Смедерево.
Инаку, пејачката тогаш ја поврзуваа со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.