Досега, 18 лица кои настрадаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во критична состојба. Меѓу нив и малолетници. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој посочи дека се координираат и со земјите од соседството, за ако има потреба, да се префрлат таму на лекување.
„За жал има и малолетни хоспитализирани лица. Во критична состојба има и малолетници. Ќе излеземе со официјален телефонски број, каде родителите ќе можат да добијат информации“, рече Таравари.
Тој посочи дека има кризен штаб и ќе има постојана комуникација со медиумите.
Loading...