Семејната драма која траеше повеќе од четири часа во српскиот град Нови Пазар вечерва заврши трагично.
Како што јавуваат вечерва српските медиуми, Е.А. (69 години) испукал рафалnи истрели кон себе од автоматско оружје. Неговото безживотно тело го пронашле припадници на Жандармеријата, кои пристигнале пред семејната куќа на Е.А. на улицата „Вук Караџиќ“.
Претходно, денеска околу 17 часот по семејна расправија, Е.А. од огнено оружје испукал десетици истрели во правец на членовите на неговото семејство, по што се забарикадирал во една просторија.
Во семејната куќа во улицата „Вук Караџиќ“ во Нови Пазар биле испукани десетици истрели, а се сомнева дека таткото го ранил синот, а потоа се забарикадирал во куќата.