Фикрет Сулејмановиќ, таткото на убиецот Нермин Сулејмановиќ, раскажа каков однос имал со неговиот син кога растел, откако денеска откри дека се срамел од неговото однесување кое доведе до невидената трагедија во Градачац.

-Јас сум и не сум татко на Нермин. Видовте и слушнавте сè. Се откажав од него пред 20 години кога почна да ме тепа. На крајот на краиштата, тој е дете, па дури и да е најлош, тој е мое дете. Целиот живот е по затвори поради други криминалци, поради разни злосторства. Отсекогаш не ме интересирал, кога и да пробав нешто со него, секогаш сакаше да се кара со мене и тогаш се откажував од него – вели таткото.

Насилник од рана возраст

Таткото истакна дека Нермин „од мали нозе бил насилник“.

– Беше експлозивен од мал, никогаш не се знаеше што ќе прави. Дури и кога беше во петто или шесто одделение, беше подготвен да се тепа со мене. Тој беше човек за себе, така порасна. Имаше мајка и дедо во Германија, му купуваа скапи патики од 300 марки. Тој беше Ал Капоне од моментот кога се роди и потоа падна во лошо друштво – изјави Фикрет и додаде дека се обидувал да го насочи на вистинскиот пат.

– Секогаш кога можев се обидував да го насочам кон нормален пат, но тој никогаш не успеа да тргне по вистинскиот пат. Можеби ќе ме убиеше и мене да бевме поблиску, се плашам дека ќе го стореше тоа – вели таткото на Нермин.

Фикрет вели дека неговиот син бил многу манипулативен, и дека на сите им било тешко да го „прочитаат“.

-Тој имаше свои луѓе, блиски до него, кои го познаваат, никогаш не сум бил близок со него. Ако го запознаевте без претходно да знаете ништо за него, ќе помислете дека Нермин не е лош човек. Беше многу експлозивен, за се ја „губеше главата“ – вели Фикрет.

Кој ќе го закопа?

Како што пишувавме претходно, телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ е во Комеморативниот центар во Тузла, а до денеска никој не поднел барање да го преземе. На прашањето кој ќе го погреба, Фикрет вели дека тоа сигурно нема да биде тој.

– Нема кој од семејството да го закопа, но неговите другари и пријатели кримоси, тоа веќе го средија и организираа. Тоа што го направи е испровоцирано, не може нормален човек тоа да го направи, само злотвор, криминалец. Нешто му пукнало во главата штом го направи ова. И јас бев млад, па никогаш во животот не се тепав, немав проблеми со никого, во Србија, Италија и Франција… Имам 100 другари. Чист сум како солза – заклучува таткото на монструозниот убиец од Градачац.