Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, го загуби синот единец Видое Ристовиќ, кој ненадејно почина, а како што вели за „Блиц“ во првата изјава по трагедијата што се случи, тагата е се поголема.
– Нашата тага по синот е неизмерна, срцата ни се кинат! На другите не им доликува да се занимаваат со теми кои се толку приземни и срамни во моментот кога нè напушти едно младо и прекрасно суштество. Морам да кажам дека мојот син не умре во текот на однос. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. До смртта дошло поради респираторна инсуфициенција која предизвикала попуштање на работата на срцевиот мускул – со тага во гласот изјави за „Блиц“ Миша Гроф и додал:
„Ве молам, не го сквернавете споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и оставете да почива во мир!“
Видое ќе биде погребан в четврток на 12 мај на Новите гробишта во Белград, а обдукцијата заврши денеска.
Да потсетиме, сопругот на водителката Никола Пишек почина во салон за масажа.
Видое наводно бил во салонот на масажа со струја, а масерката била постара жена од околу 60 години, јавуваат српските медиуми.
Како што извор близок до семејството Ристовиќ, Видое во текот на денот се чувствувал добро и не се пожалил на никакви здравствени проблеми сè до неговата смрт. Во текот на масажата почувствувал дека не му е добро и ѝ се пожалил на терапевтката, но веќе било доцна, бидејќи по неколку моменти починал.