Во Скопје денеска (30.6.2023 год.) почина проф.д- Владо Тимовски, долгогодишен професор, педагог и образовен работник, поранешен декан на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Автор е на повеќе стручни трудови од областа на образованието, како и на книгата „Образованието и религијата“, издадена во 2005 година. Беше и претседател на Домот на просветните работници.

Погребот ќе се изврши в недела (2.7.2023 год.) во струмичкото село Ново Коњарево во 12 часот.