Тажна вест вечерва се споделува на социјалните мрежи. Почина Дана Прелиќ, професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Светол пат, драга професорке. Прерано и ненадејно нè напуштивте..“, стои во една од емотивните објави кои се постираат на нејзиниот фејсбук-профил.
Од проф. д-р Прелиќ се прости и Бранка Костиќ-Марковиќ, етномузиколог и уметнички раководител на НУ Танец, но и долгогодишно познато ТВ лице, музички новинар и автор на емисијата „Астрорум“.
„Почивај во мир, драга, Никогаш нема да ја заборавам нашата меѓусебна почит. Нека ти е вечна славата и нека биде утеха за твоите најмили“, напиша таа.