Денес се простуваме од нашиот драг колега – Goran Kukunoski Kuka 🖤
Со големо неверување, вчера ја примивме веста дека ненадејно загубивме прекрасен човек, извонреден колега и голем другар. Со неговoто прерано заминување, нашата компанија загуби вреден и чесен вработен, колега од кого научивме многу за работата, но и за животот, а можевме уште долго да учиме заедно. Денес би сакале да се поздравиме и да му посакаме широко и мирно небо.
Рекоа за него:
– “Секогаш за мене ќе останеш драг колега и пред се пријател затоа што твојот харизматичен дух и ведра насмевка ги правеше работите да изгледаат многу лесни и едноставни. Ќе ми фалат нашите недолични шеги и зафрканции, мој драг пријателе.” – Кирил
– “Телефонската слушалка не поврза во вистински пријатели колеги… Си замина тивко оставаќи го твојот глас сеуште да звони во нас. Почивај во мир, Кука!” – колегите од Битола
– “Во Аеродром го викаа Чичо, а никој не си го добива прекарот незаслужено. Тој се грижеше за сите.” – Марјан
– “Неговата големина како човек е нешто што денес многу ретко може да се види.” – Даниела
– “Секогаш насмеан и позитивен, го сакаше животот…” – Кристина
– “Не постојат соодветни зборови за последен поздрав…” – Васко и Токи
Денес е ден на жалост за нашата компанија.
Изразуваме длабоко сочуство до семејството!
Почивај во мир, драг колега! Ќе останеш запаметен засекогаш!