СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
ТАЖНА ВЕСТ: По кратко боледување во Скопје почина познатата македонска адвокатка
По кусо боледување во Скопје, на 71 годишна возраст, почина Љубица Рубен – Буба.
Родена е во Битола, а животниот пат го продолжи во Скопје, каде што дипломираше на Правниот факултет. Таа беше основач на правната компанија МЕНС ЛЕГИС по повеќегодишната адвокатска практика.
Активно работеше на подобрување на бизнис климата во Република Македонија и регионот преку учество во голем број проекти.
Членуваше во работни групи за измена на закони, воедно беше и предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.
Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел во Скопје в среда (18 август) во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во 10 часот.