Утринава со неверување, ја примив веста за прераната смрт на нашата драга Ленче Андова, напиша на својот ФБ профил претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

-Ленче беше пример за жена борец, жена активист, жена посветена на каузата на ВМРО. Немаше настан, протест или активност на која ја немаше Ленче, без разлика дали е во Скопје, Неготино, Охрид.. Се прашувам, колку може да е суров животот? Во еден миг, повеќе не нема. Унијата на жени, Унијата на Ветерани и цело ВМРО-ДПМНЕ загуби голем активист. Најголемата загуба е на семејството, на Надица и Спасија кои останаа без нивната мајка. Драга Ленче, Ќе ни недостасуваш, ќе фалиш. Жалам од дното на мојата душа, што ова е нашето последно збогум, никогаш нема да те заборавиме и секогаш ќе те споменуваме како пример за истакнат член на ВМРО и пример за жена со огромна љубов кон Македонија. Почивај во мир Ленче! Никогаш нема да те заборавиме!, напиша Пешевска.