Неофицијално, едно лице е повредено вечерва во скопската Чаршија, пренесува Алсат. Инцидентот се случил околу 22:15 часот во едно кафуле во близина на „плоштадот Скендербеј“.

Мотивите на настанот сè уште не се познати. Полицијата веднаш излегла на лице место и го истражува случајот.

Подетални информации за овој инцидент се очекуваат утрешниот ден.