Теа Таировиќ, моментално најпопуларната пејачка на Балканот, публиката пред неколку години ја запозна во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Оттогаш таа е поуспешна на деловен план, а неодамна го закажа и првиот солистички концерт во Белград, кој ќе го одржи на 17 јуни на стадионот Ташмајдан.

Теа во една емисија се присети на своето учество на натпреварот и на самите почетоци на кариерата и призна дека е горда на се што и покажала на публиката.

-Многумина не ни знаат дека сум се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“, понекогаш низ разговор кога ќе спомнам, многумина се чудат, баш и не се сеќаваат. Секако, мојата публика која ме следи од самиот почеток знае дека се натпреварував. Морам да признаам дека сум горда на моите почетоци и на „Ѕвездите на Гранд“, знам како изгледаше сето тоа тогаш – изјави Теа.

Пејачката истакна дека е горда на својата генерација, а издвои една колешка од конкуренцијата на која и оддаде посебно признание.

– Мојата генерација роди пејачи кои зад себе имаат долги години дискографија. Ќе ја споменам само Александра Младеновиќ и нејзиниот успех, мислам дека е доволно – заклучи таа во емисијата „Милизам“.

Погледнете што кажа Теа пред концертот во Белград.