Пет возила на Итната помош околу 1 часот по полноќ пристигнаа во кругот на скопскиот клинички центар, јави новинарот на Телма Билјана Николовска од лице место.
Прво се упатија кон Ургентниот центар, но потоа трагичниот конвој се пренасочи кон судска медицина.
Донесените се дел од жртвите во катастрофалниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово, каде според досегашните податоци има најмалку десет загинати. Според извори на Телма на судска се префрлени 14 тела.
На Институтот за судска медицина ќе биде извршена обдукција на починатите како и процес на идентификација за да бидат предадени на нивните семејства.
На клиничкиот Центар има подготвено лекарски екипи за помош на преживеани пациенти од Тетово, исто така и градската болница 8-ми септември има подготвено капацитети за брз медицински одговор.