Трагичен настан се случил денеска во Валандово.

Малолетник со мотор во дворот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ удрил во друго дете на седумгодишна возраст кое се здобило со тешки телесни повреди.

Детето со итна помош прво било однесено во Здравствениот дом во Валандово, а откако му биле утврдени сериозни повредени било префрлено во општата болница во Гевгелија а оттаму на крајот е донесено во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.