Шестгодишното дете, кое беше извлечено од дното на хотелскиот базен во Превеза, е во тешка состојба, интубирано и е префрлено во болницата во Патра.
Според ЕРТ, детето било со семејството и пливало кога исчезнало од очите на родителите.
Спасителот на хотелот брзо реагирал и го извлекол малото момче од дното на базенот. Му пружил прва помош, додека лекар кој бил таму, со дефибрилатор му пристапил на кардиопулмонална реанимација (КПР).
Детето најпрвин било пренесено во болницата во Превеза на интубација, а потоа префрлено во Патра за понатамошна медицинска помош.