На 14.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крак од ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(35) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Несреќа и во ресенко
На 14.04.2023 околу 18.15 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на првата крстосница за влез на с.Грнчари, ресенско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(18) од с.Асамати, ресенско и патничко возило „киа“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Е.А. констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен.
Детали за судирот на ПАРТИЗАНСКА во Скопје
На 14.04.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „алфа ромео“, М.К.(21) и К.М.(18), двете од Скопје, додека двајцата возачи и сопатниците од возилото „тојота“ Љ.Ј.(62) и Р.Ј.(34) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.