Бог да го прости Goran Saragilov – Кби. Нашиот Кби беше 16 години претседтел на МК Болнички дол – ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес. Донесе безброј победи, објави синоќа на својот профил Влатко Ѓорчев.

– Добар човек, патриот, активист… Доаѓаше на секој митинг. Максимално ангажиран во секоја кампања. Лојален, мотивиран, ангажиран.
Кога ги држев говорите во Велес, редовно ги почнуваше скандирањата и песните (Македонија, ВМРО, Едно име имаме…). За жал, тешката болест брзо го совлада. Збогум Кби. Зборувај на небото со нашите комити и војводи. Чувај и гледај ја Македонија таму од горе. Последен поздрав!!. напиша Ѓорчев.