Тешка сообраќајна несреќа се случи на вечерва околу 21 часот на Ибарската магистрала кај Рушње во близина на Белград, во која загинаа две лица, јави РТС.
Како што објавуваат српските медиуми, две лица, маж и жена им подлегнале на повредите на лице место.
Според првите информации, се судриле мотоциклист, камион и автомобил, а сообраќајот бил блокиран во двата правци.
Амбулантни возила пристигнале на местото на настанот, како и противпожарната служба.