Млада девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 16.07.2021 околу 15.30 часот на ул.„3“ во село Црешево, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота ајго“, со пробни регистарски таблички, управувано од А.З.(28) од село Стајковци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(45) од село Булачани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.З.(19) од село Стајковци, сопатничка во возилото „тојота ајго“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, информира МВР.