Осум деца се примени во болницата во Требиње, Босна и Херцеговина, поради знаци на труење со хлор.

Според информациите кои ги пренесе локалната АТВ, сите деца престојувале во туристичкиот комплекс „Град сунца“, кој се рекламира како „најголем аквапарк на Балканот“.

Седум деца се хоспитализирани на Одделот за педијатрија, а едно е сместено на интензивна нега. Нивната состојба е стабилна.

„Сите имаат знаци на труење со инхалационен агенс. Со оглед на брзината на развој на клиничката слика и симптомите, едно е на Интензивна“, изјави Љиљана Буха, началник на Одделот за педијатрија во болницата во Требиње.

Симптомите кои ги покажале биле кашлање, намален кислород и нарушена свест.