Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров издвои две од најголемите грешки што ги направил додека бил министер.
-Најголема грешка ми е Законот за абортус. Затоа јавно се извинив. Отидов во сфера, во која што со друга идеја тргнав, но не почувствував дека на тој начин ги повредив или загрозувам чувствата на жените. Тоа ми беше огромна грешка. Исто згрешив и со плаќањето по учинок. Тоа се некои работи, кои ако сега сум на функција, не би ги направил. Има и други, не се само две. Далеку од тоа дека немав грешки, појасни Тодоров во гостувањето на емисијата „Само вистина“.