Јунајтед го победи Тотенхем со 3-2, а новинарите на Спорт Клуб кои беа на лице место имаа можност да разговараат со Дејан Кулушевски.
Играчот на Тотенхем, а по потекло од Македонија, има и настапи за младинските репрезентации за нашиот национален тим, одби да одговара на мајчин јазик, не го познавал добро.
Новинарот од балканската спортска телевизија разговорот со Кулушевски го почна на хрватски јазик надевајќи се дека фудбалерот добро ќе го разбере со оглед на неговите македонски корени. Дури се обиде да го праша на македонски јазик.
Инаку Кулушевски има девет настапи за македонската репрезентација до 16 години, тогаш знаеше македонски, сега не разбирал…
Кулушевски е роден во Стокхолм, но неговите родители потекнуваат од Македонија. Тој своевремено играше за македонската репрезентација до 16 години, каде на девет натпревари постигна три гола. На тие девет натпревари не толку одамна тој комуницираше на македонски без проблем.
Сепак, потоа се реши да настапува за Шведска, каде што сега е и сениорски репрезентативец.