Познато е дека сите сакаме добро да пазариме, но за малку пари. Затоа, автомобилски експерт ги издвои петте најдобри возила до 3.000 евра, со кои никогаш не можете да погрешите.

– На оваа листа нема да има дизел, бидејќи верувам дека за тие пари е речиси невозможно да се купи дизел со кој потоа нема да имате скапи дефекти, инвестиции и проблеми – започна експертот.

На петтото место го позиционираше автомобилот Рено Меган, со 1,6 бензински мотор, на кој, како што вели, се колнат таксистите. Тој го имал ова возило и вели дека „се покажало многу добро“.

Четвртото место го зазема Opel Corsa D, одличен автомобил, со малку подобра опрема изгледа одлично, препорака за 1.4 бензински мотор со 90 коњски сили – продолжува тој.

На неговата листа третата позиција му припаѓа на Fiat Grande Punto за кој вели дека го има веќе три години и дека е многу добар автомобил. Препораката е за 1,4 бензински мотор со 95 коњски сили.

– На високо второ место е Peugeot 207, кој е мало-голем автомобил, одличен за низ град, а одлично ќе ве послужи и на долги релации. Препорачани мотори се 1,4 и 1,6 бензински мотори, со 75 односно 109 коњски сили – советува експертот.

Првото место, односно златниот медал, според него, го има автомобилот Опел Астра К.

– Со своите остри линии го задржа својот изглед свеж, иако поминаа речиси 20 години од неговото претставување. Добро е за возење низ град и за подолги релации. Секогаш ќе најдете мајстори и делови за овој автомобил низ градот. Препораката за моторот е 1,6 бензинец, со 105 или 115 коњски сили – заклучува експертот на својот профил на TikTok.