На многу свадби, невестата и младоженецот се хранат меѓусебно со свадбена торта, а додека некои тоа го прават на традиционален и пристоен начин, некои овој обичај го претвораат во шега – и претеруваат.

На видеото кое невеста го објави на социјалните мрежи може да се види како таа го мачка со парчиња торта лицето на нејзиниот нов сопруг, а тој по неколку секунди го прави истото – но на многу погруб начин што згрози многумина, објави Мирор.

Тој агресивно зел огромно парче торта и ѝ го фрлил во лицето на невестата.

Во коментарите повеќето пишувале дека ова е првиот аларм дека во него се крие агресивна личност и дека треба да побара документи за развод.

Меѓутоа, по еден куп вакви коментари и предупредувања, невестата се вратила со образложение дека тоа се едноставно „тие двајца“ и дека тоа е нивна шега. „Извинете, но ова е друг вид на хумор, нашиот вид“, порачала таа.

@kelsboyd3 #cakesmash #nobodygotcake #smash #cakesmashchallenge #hedidntgetany #kingston #tennessee #barnofmaplecreek #johndeeergreen #ohno #rusticwedding ♬ Oh No – Kreepa