СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

ТРАГЕДИЈА: 11 годишно девојче загина во пожар

Во неделата вечерта во општина Ѓаковица во југозападно Косово загина 11-годишно девојче, како последица на пожар што го зафатил станот во кој живеела.

Веста за косовските медиуми ја потврди портпаролот на полицијата за Ѓаковица, Шеремет Елези.

Тој рече дека трагичниот случај се случил околу 01.30 часот по полноќ, а причините за пожарот засега не се познати.

-По санирање на пожарот, во споменатиот стан било пронајдено женско тело на лице од Косово родено 2011 година, за кое лекарскиот тим констатирал смрт. На местото на настанот излегле надлежните полициски единици, за што е известен и надлежниот обвинител. Безживотното тело е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина – изјави Елези за косовските медиуми.