Колумбискиот фудбалер Гилермо Денис Белтран (24) почина на тренингот на боливискиот прволигаш Реал Санта Круз.
Како што е соопштено, дошло до прекин на дишењето и неговите соиграчи истакнале дека тој паднал на земја откако почувствувал мачнина. Клупските лекари и итната помош се обиделе да направат реанимација, но немало помош.
– Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница – изјави претседателот на Реал Сантас Круз, Адолфо Сорија Галваро.
Во текот на својата кариера, крилниот напаѓач играше за Леонес од Колумбија и парагвајските клубови Пасторео, Такаари и Рубио Ну.