Во солунското предградие Ореокастро владее тага откако 16-годишно девојче почина од алергиски шок.
Според грчките медиуми, 16-годишното девојче кое било на одмор во Касандра, Халкидики, излегло да јаде во локална продавница.
Таму доживеала алергиски шок. Според медиумитеr, брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе за жал било доцна.
За причините за нејзината смрт ќе биде извршена обдукција, додека погребот на несреќното девојче ќе биде утре, петок, 14 јули, во Ореокастро.