Голема трагедија се случила денеска на Јабланичкото езеро, во населбата Худутско во атарот на општина Прозор-Рама во Босна и Херцеговина, јавуваат вечерва тамоѓните медиуми.
– Во езерото се удавил Е.Џ. (34) од Илиџа, а оваа информација ја поврди и портпаролот на Полициската управа на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон, објавија медиумите.
Настанот им бил пријавен, во 16 часот, а по истрагата која ќе се води под надзор на дежурниот кантонален обвинител на обвинителството на ХНК, ќе се знаат повеќе информации.
Јабланичко Езеро е вештачко езеро на реката Неретва во Босна и Херцеговина. Се простира од Коњиц до Јабланица, низ магистралниот пат M-17. Езерото е изградено во 1953 година со изградбата на лаковидната брана на Неретва.