На површина излегоа деталите за страшната семејна трагедија во селото Добро Поље кај Бољевац, соседна Србија. Иако прво се веруваше дека синот ја убил мајка си и се обидел да го убие татко му, а потоа си пресудил, сега вистината е уште потрагична.
– Имено, синот се разнел со бомба сред семејната куќа, гледајќи го тоа, таткото земал карабина и прво ја убил сопругата, а потоа си пукал во глава. Разнел половина од лицето, но преживеал. Тој е префрлен во Ниш и неговата состојба е критична – велат надлежните.
Ова семејство, според приказната на мештаните, често било во алкохолизирана состојба, а мештаните веруваат дека и денес консумирале алкохол пред трагедијата и злосторството. Инаку, тие се корисници на социјална помош, постојано се расправале, се тепале и биле под дејство на алкохол, велат мештаните.
– Синот кој се самоуби имаше 25 години, а засега не се знае точно за каква бомба станува збор, единствено со сигурност се знае дека немал дозвола за оружје. А нелегална е и карабината со која таткото ја застрелал и ја убил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие – објавија српските медиуми.
Според мештаните, ова семејство има уште еден син, но селаните не знаат точно каде се наоѓа.