На 14.04.2023 во 09.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје – вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото.
Смрт констатил лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.