Најмалку девет лица загинаа, а 40 се повредени кога автобус со луѓе на религиозно патување се превртел во јужниот дел на Мексико, јави Асошиетед прес.

Службата за цивилна заштита на јужната држава Чиапас соопшти дека несреќата се случила во петокот пред зори во градот Тила.

Патниците кои присуствуваа на настанот по повод католичкиот празник Корпус Кристи (Празник на телото и крвта Христови) се враќале во своите домови во Табаско кога автобусот се превртел. Причините за несреќата се уште се нејасни.